[Фото] Филозофскиот факултет на УКИМ доби опрема за студенти со попреченост

Брајов принтер, 3Д принтер, два персонални компјутери со тастатури прилагодени за студенти со засегната фина моторика, два колор печатачи, машинка за пластифицирање и рачен нож за хартија. Ова е дел од новата опрема која ја доби Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Целта на асистивната опрема е да им го олесни секојдневието на факултет на лицата со попреченост.

Опремата е добиена како дел од проектот „Служба за поддршка на студенти со попреченост“, кој Филозофскиот факултет го реализира во партнерство со Здружение на граѓани за едукација на млади План Б, со финансиска поддршка од програмата Бугарска соработка за развој.