[Фото + aудио] Битолчани и зимава ќе се гушат во енормно загаден воздух

Граѓанските активисти велат дека расте бројот на заболените од рак како последица на аерозагадувањето. Специјалистите по јавно здравје смируваат дека нема драстични промени во бројките освен кај децата, но тие дијагнози не ги поврзуваат со загадениот воздух.

Енормно загаден воздух ќе дишат битолчани и оваа зима. Од лани до сега, ниту општината ниту државата не направија ништо за да се намали аерозагадувањето во Битола, еден од десетте најзагадени града во Европа.

Бројките се поразителни. Битола годишно има и по сто и осумдесет дена загаден воздух, или пет пати повеќе од дозволените триесет и пет дена во една година. И дозволените педесет микрограми на кубен метар многукратно беа пречекорени.

Целиот прилог може да го погледнете подолу, како дел од рубриката ФоТон на МКД.мк.