Флорозон: Потребно е систематско решение на проблемот со одлагање на употребените заштитни маски и ракавици

Потребно е систематско решавање на проблемот со одлагање на потенцијално-контаминираниот ковид-отпад од употребените заштитни маски и ракавици, реагираат од Центарот за еколошка демократија Флорозон.

„Станува збор за отпад кој голем број меѓународни испитувања и домашни експерти утврдиле дека е ризичен, бидејќи може да содржи траги од вирусот и патогени честичи кои можат да се пренесат во жив организам преку допир на контаминираната површина. На пример, како што објаснува Стево Темелковски, поранешниот заменик-министер за животна средина, овој вид отпад треба да се третира засебно, бидејќи ги загрозува пред сѐ комуналните работници и собирачите на секундарни суровини“, велат од Центарот.

Тие периодов во неколку градови во земјата, пред големите ланци маркети поставија специјализирани корпи за заштитните маски и ракавици со цел нивна примарна селекција. Флорозон во соработка со комуналните претпријатија и бизнис секоторот овозможи повеќе-секторски пристап за делумна контрола и управување со ковид-отпадот.

„Сепак, на национално ниво мора да се имплементира системско решение за ова прашање“, сметаат тие.

Како дел од проектот „Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија”, беа изработени и три истражувачки стории кои одговараат на прашањата за тоа колку државата е подготвена да се справи со ваквиот отпад, дали е потребен посебен систем за собирање на ковид-отпадот за да се спречи ширењето на заразата преку него и како во моментов човештвото се справува и со овој предизвик. Сториите се достапни ОВДЕ, ОВДЕ и ОВДЕ.

Маски почнаа да „растат“ на дрвја и по улици, нема решение за овој вид отпад