Фински музичари со петиција бараат Израел да не учествува на Евровизија

Повеќе од 1.400 музичари во Финска потпишаа петиција со која бараат забрана за учество на Израел на Евровизија поради војната во Газа.

Доколку Израел не биде исклучен, тие бараат Финскиот радиодифузен сервис – Yle да го повлече учеството на Финска од натпреварот.

Yle изјави дека ги следи чекорите на Европскиот радиодифузен сервис, кој е организатор на Евровизија.

Минатиот месец музичари на Исланд поставија слични барања до радиодифузерот Rúv.,

Еден од креаторите на петицијата, Лукас Корпелаинен изјави дека е неприфатливо за „Израел да учествува на Евровизија за да ја полира својата слика“.

Меѓу потписниците се финските музичари Олави Усивирта, Палефејс и Аскел Енстром кои ја претставуваа земјата на натпреварот во 2011 година.

Тие го обвинуваат Yle за двојни стандарди, велејќи дека бил меѓу првите кој предложил забрана на Русија за учество на Евровизија во 2022 година. „И сега го очекуваме истото активно бранење на вредности“, велат потписниците на петицијата.

Еден ден откако Русија ја започна целосната инвазија на Украина во 2022 година, претставникот на Yle, Вилле Вилен рече дека нападот на Москва е спротивен на сите вредности што ги претставуваат Yle и другите европски радиодифузери. Скоро после тоа Европскиот радиодифузен сервис ѝ забрани на Русија за учествува на Евровизија.

Вилен вели дека ситуацијата со Израел и Газа, „не е баш иста“.

„Колку и да е страшно, тоа не е војна на меѓудржавна агресија како што е тоа меѓу Русија и Украина“, изјави тој за финскиот таблоид Илта-Саномат минатиот месец.

Yle соопшти дека планира да се сретне со креаторите на петицијата.

Во декември со свое соопштение излезе и Европскиот радиодифузен сервис кој рече дека Евровизија е „за радиодифузери – не за влади“ притоа додавајќи дека Израел веќе 50 години учествува на натпреварот.

Исто така оттаму кажаа дека сите членки организации се согласиле дека израелскиот јавен радиодифузен сервис – Кан ги почитува „сите правила за натпреварување“ и инсистирале дека натпреварот е неполитички настан.