Градот Шарлотсвил во Вирџинија беше проголтан од насилство во саботата, откако белите националисти и контрапротестанти се соочија во една од најкрвавите пресметки досега, поради отстранувањето на споменици на Конфедерацијата на југот. Во градот на сила е вонредна состојба.
Белите националисти одамна планираа демонстрација поради одлуката на градот да го отстрани споменикот на Роберт Е. Ли. Но, маршот за кратко експлодираше во насилство од омраза кон насочено кон малцинствата во градот, кршење на излози, тепање и покажување на фашистички симболи во јавност.
Hell of a day for the President to forget how to tweet. pic.twitter.com/ABffmwwH8D
— J.K. Rowling (@jk_rowling) August 12, 2017
Police are separating alt-right demonstrators, who are in the park, barricaded from protesters shouting “Nazi scum” pic.twitter.com/QBVZFJ1Bju
— Sheryl Gay Stolberg (@SherylNYT) August 12, 2017
Откако маршот завршил во парк во градот, возило со регистарски таблички од Охајо е зарило во толпа, убивајќи 32-годишна жена. Уште 34 лица биле повредени, од кои 19 во нападот со возило, според портпаролката на Медицинскиот центар на Универзитетот на Вирџинија.
Сведоци на нападот велат дека сив спортски автомобил забрзал кон топла на контрадемонстранти, кои марширале пред трговски центар откако си заминале националистите, и кренал најмалку двајца во воздух при ударот.
Планираниот марш беше претставен како „Обединување на десницата“, а и организаторите и критичарите рекоа дека очекуваат да биде еден од најголемите собири од ваков тип. Ги привлече и Кју Клукс Кланот и нео-нацистите, како и нови радикални десничарски движења.
Многу од овие групи, пишува Њујорк Тајмс, се охрабрија да излезат на улица откако е претседател Доналд Трамп. Дејвид Дјук, поранешен „империјален волшебник“ на Кју Клукс Кланот, вели дека протестите „ќе ги исполнат ветувањата на Доналд Трамп“ и дека „ќе си ја земат земјата назад“.