Двајца 18-годишни Французи се обвинети за бришење на популарните видеоспотови на Јутјуб

Двајца 18-годишни француски државјани се обвинети во Париз по хакерскиот упад на Јутјуб кога беа избришани популарни видеоспотови.

Мета на хакерите беа низа музички видеа, вклучително „Деспасито“ на Луис Фонси, кое е досега најгледаното музичко видео на Јутјуб.

„Деспасито“ има повеќе од пет милијарди прегледи. Наместо видеоспотот, хакерите поставија фотографија од маскирани и наоружени луѓе.

Од париската полиција информираат дека осомничените првично биле идентификувани по нивните имиња на интернет „Просокс и „Куроиш“.

Хакерите успеале да влезат во профилот на популарната музичка платформа „Вево“ на Јутјуб каде ја смениле насловната страница на песната, а на некои поставија пропалестински пораки.

Покрај Фонси, беа хакирани и видеспотови на други поп изведувачи, меѓу кои Селена Гомез, Тејлор Свифт, Кејти Пери, Крис Браун и Шакира.