Доделена наградата за најуспешно архитектонско дело на годината

Индустрискиот објект за полнење и пакување природна вода „Маја“ во селото Гари, на архитектот Александар Карангелов, е најуспешното архитектонско дело во 2017 година.

Оваа значајна годишна награда ја доделува Асоцијацијата на архитектите на Македонија.

„Уверен сум дека Големата годишна награда, но и другите активности на Сојузот на архитектите, ќе придонесат повторно да го сфатиме значењето и насушната потреба од простор, светлина и ред. Потребата од зданија по мерка на човекот, кои ќе бидат белег на нашето секојдневие, но и наследство за идните генерации“, рече претседателот Ѓорге Иванов откако ја врачи наградата.

Церемонијата се одржа во Музејот на град Скопје.