Доделена наградата „Вавилон“ на најдобрите млади преведувачи

Здружението на преведувачи ЗПРМ по седми пат ја додели наградата „Вавилон“ на најдобрите млади преведувачи.

Оваа година, првата награда им беше доделена на Сашо Данилов, за превод на главата „Телефонската говорница на другата страна од мостот“ од делото „Протокот на смртта“ од Аријане Грундис, од германски на македонски јазик.

Ардита Зулфиу ја доби наградата за превод на извадок од делото „Место на чекање“ од Соња Хернандес, од шпански на албански јазик.

Пофалници за второ место добија Благица Димитрова, за преводот на „Парајлија“ од Сали Руни, од англиски на македонски јазик, и Кристина Стаменкова за нејзиниот превод на „Месечевата дама“ на Андреа де Карло, од италијански на македонски јазик.

Конкурсот беше отворен за млади преведувачи чии текстови мора да бидат преводи на (извадоци од) литературни дела: роман, новела, расказ, или документарна проза, од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.

Целта на конкурсот е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.