„Добрите огради прават добри соседи“ – инсталација на Аи Веивеи ја критикува глобалната бегалска криза

Кинескиот уметник, режисер, фотографи и активист Аи Веивеи изминатава недела ја отвори својата последна инсталација на јавна уметност во Њујорк. Инсталацијата е организирана од Фондацијата за јавна уметност на Њујорк. „Добрите огради прават добри соседи“ ќе биде отворена од 12 октомври до 11 февруари, а има дела насекаде низ ѕидот.

Со цел да привлече внимание кон глобалната миграциска и бегалска криза, Веивеи создаде кафези на места каде жителите на американскиот град шетаат слободно, за да ги симболизира прчките со кои бегалците од цел свет се соочуваат.

Делото вклучува три големи структури, една во Централ Парк, една во Флашинг Медоус, Квинс, и една во Вашингтон Сквер Парк.

Има и помали кафези низ целиот град, на автобуски станици и канделабри.