Дигиталниот пазар во фокус на Светскиот ден на правата на потрошувачите

Дигиталниот пазар како предизвик за воспоставување поголема доверба меѓу потрошувачите и трговците, ќе биде една од темите на денешниот настан по повод 15 Март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, што го организира Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Министерството за економија и Стопанската комора на Македонија.

На настанот ќе бидат презентирани и стратегиските определби на ОПМ: донесување нов закон и стратегија за заштита на потрошувачите.

Мотото на Светската потрошувачка организација по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите е „Да го направиме дигиталниот пазар по фер за потрошувачите“.