Детскиот креативен центар МКЦ организира летни ликовни работилници за деца

Детскиот креативен центар повторно ги започнува детските ликовни работилници, кои ќе се одвиваат во повеќе фази, со намера да комуницира и создава уметност, едукација и да ја презентира ликовната уметност наменетa за деца на возраст од 4-11 години.

Оттаму соопштуваат дека работилниците ќе бидат ограничени по број на учесници, а истовремено ќе се одвиваат на отворено, со што ќе се запазат и почитуваат сите мерки на носење маски, ракавици и дистанца.

Работилниците ќе се одвиваат преку применување на игра, презентација, проектирање уметнички дела, нивно перципирање, инспирирање, создавање, репродуцирање дискутирање, со цел децата да се запознаат со уметноста и нејзините креативни процеси на работа, ликовни техники и медиуми на работа, уметници гости и работа на дадени креативни тематики и концепти.

Работилниците под ментроство на Доротеј Нешоски ќе се одржат во четврток и сабота, а информации за програмите и пријавувањето се достапни тука.

„Вредност и важност во детско ликовно истражување не е во тоа да знае да нацрта наслика тоа што ние ќе го препознаеме , туку во тоа што самото дете го гледа и пронајде и открие во светот кој го опкружува.
Големото богатство се крие во разговорот за цртежот или сликата и ни ја отвара вратата на својот внатрешен свет фантазијата, желбите, соновите и стравовите. Овој разговор е корисен и за детето, воспитачите, за родителите и учителите“, се вели во соопштението.