Дескоска: Политиката треба да излезе од образованието

Се боревме против политиката во образованието и газењето на автономијата на Универзитетот и мислам дека е неумесно да го правите тоа против што сте се бореле, вели министерка за образование и наука, Рената Дескоска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Запрашана за процесот на ревизија на учебниците, министерката вели дека ќе се исправа само она што е воочено како грешка од самите наставници во основните и во средните училишта, со претходна проверка на експерти од таа област.

„Не станува збор за бришење на историја или измена, тоа е апсурдно кој било да помисли тоа да го прави. Ние сакаме да им дадеме на нашите ученици можност да учат од учебници кои не содржат грешки“, вели во интервјуто.

Целото интервју погледнете го во продолжение: