„Човек се троши неусетно“ – Изложба на Тони Попов

Денеска (петок, 9 септември) од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Човек се троши неусетно“ на Тони Попов во Галеријата „Метаноја“.

Изложбата ќе биде отворена еден месец, а сликите се циклус на автопортрети на Попов.

„Со оваа збирка автопортрети и песни Тони Попов решил да престане да бега и да се фати во костец со сопствената кршливост. Резултатот е безброј скршени парчиња, но и храбро градење мозаик од нив. Тони е безобѕирно суров и треперливо сочувствителен со феноменот човек. Не сака да скрие ништо од грдото, од тешкото, од очајното и не сака да се откаже од убавото, од возвишеното, од надежното. Добредојдовте во магичниот реализам на Тони Попов. Тони знае дека има магија и на сите ни е потребно нејзино разбивање. Исто така, Тони знае дека има уште подлабока магија и на сите ни треба нејзиниот алхемиски лек“, стои во рецензијата на Коста Милков за изложбата.