Четврти Мотивациски викенд

Она што во март 2014 започна како иницијатива на шест волонтери на Младите можат, продолжи како концепт наречен Мотивациски викенд.

Тие овој викенд го организираат четвртиот по ред настан за мотивација, инспирација, вмрежување и успех.

Мотивациски викенд е настан од отворен карактер, кој има за цел да ги прикаже личните приказни на успешни професионалци од Македонија и со тоа да ги мотивира младите да работат и да инвестираат во својот личен и професионален развој.

Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите сништа, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да станат најдобра верзија од самите себе.

На овој Мотивациски викенд ќе имате можност да се слушнат осум инспиративни приказни на успешни луѓе. За ефектот да биде целосен ќе бидат организирани и четири работилници на различни теми, кои ќе понудат вештини кои му се потребни на секој млад човек. На крајот на настанот ќе биде организирана забава за вмрежување, каде присутните млади ќе имаат можност да поразговараат со говорниците, предавачите и организаторите на овој настан.

Влезот е бесплатен.

Настанот е организиран во рамки на проектот “Академија за младински активизам” имплементиран од Младите можат, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.