Часовникот за „крајот на светот“ поместен 30 секунди поблиску до апокалипса

Стрелките на симболичниот часовник кои одбројуваат колку сме далеку од „крајот на светот“ научниците ги поместија од три, на две и пол минути до полноќ. Ова е второ најкратко време кое преостанува до „судниот ден“.

Стрелката за минути на часовникот претставува метафора за тоа колку светот е ранлив на катастрофа.

Научниците велат дека окружувањето на неизвесна безбедносна атмосфера и коментарите на Доналд Трамп, го приближиле човештвото кон апокалипса.

Рејчел Бронсон, претставникот на „Bulletin of the Atomic Scientists“ (БПА), научното списание кое го го објавува часовникот, ги повика светските лидери да ги смират тензиите кои можат да доведат до војна.

1953 година човештвото било најблиску до апокалипса, а 1991 најдалеку од неа, според симболичкиот часовник

Во извештајот на БПА се наведува дека коментарите од претседателот Трамп за климатските промени, зголемувањето на американскиот нуклеарен арсенал и сомневање во разузнавачките служби придонеле за зголемување на глобалниот ризик.

Времето до полноќ е најкратко од 1953 година, кога стрелката за минути се нашла на две минути до апокалипсата откако САД и Русија извршија тестови на хидрогенски бомби.

Симболичната направа е создадена од научниците кои го создавале списанието во 1947 година. БПА е основано на Универзитетот во Чикаго од група научници кои помогнале во развој на првите атомски оружја. Денеска, групата вклучува физичари и еколози од целиот свет, кои одлучуваат дали е потребно да се промени изгледот на часовникот во консултација со 15 нобеловци.