Британската ѕвезда John Newman доаѓа во Скопје

Младиот британски музичар John Newman наскоро ќе одржи концерт пред македонската публика, најави продукција Авалон со видеоснимка на својата официјалната страница на Фејсбук.

25-годишниот пејач кој е познат по хитовите „Love me again“, „Come and get it“ , „I’m not your man“  и „Losing sleep“, во 2014 години имаше три номинации за „Брит“ наградите. Newman досега има објавено два албумa: „Tribute“ (2013) и „Revolve“ (2015)

Од Авалон најавуваат дека наскоро ќе објават детали за неговиот концерт во Скопје.