Боливијците маршираа против родовото насилство

Стотици луѓе маршираа во главниот град на Боливија, Ла Паз, во протест поради насилството врз жените.

Протестот следува откако сериски силувач, кој добил 30-годишна затворска казна за убиство, бил ослободен поради медицински причини во 2019 година откако отслужил само неколку години затвор.

„Колку долго ќе сведочиме како исчезнуваат нашите деца? Што прави власта? Зошто овие случаи не се истражуваат и сторителите не завршуваат во затвор? Сите овие судии и обвинители се соучесници“, вели една учесничка на протестот за АФП.

„Не убиваат како да сме животни. Ние повеќе немаме право слободно да одиме по улиците. Жени се убиваат секој ден, а ние само го нормализираме ова“, изјавила друга демонстрантка.

Човеков бил повторно уапсен минатата недела откако биле пронајдени тела на две тинејџерки кои биле закопани во неговиот дом.

Судијата кој го ослободил во 2019 година исто така бил уапсен овој викенд поради неговата одлука да го ослободи.

Минатата година биле убиени повеќе од 100 жени во Боливија.