Австралија ќе отстрела 10.000 диви камили поради недостиг на вода

Снајперисти во Австралија ќе стрелаат 10.000 диви камили, бидејќи претставуваат опасност за населението.

Поради сушата, барајќи вода, тие се повеќе се приближуваат до населбите во внатрешноста на континентот, пренесува „Н1“.

Официјални лица од Јужна Австралија велат дека „екстремно големите“ стада, во потрага по вода и храна, се закана за залихите во селата, а освен тоа што можат да нанесат штета, велат дека тие преставуваат и опасност за патишатата.

Минатата година, континентот ја доживеа најтоплата и најсушната година,  а тоа доведе до драматични шумски пожари и недостиг на вода во многу подрачја.

Петдневната акција за стрелање ќе биде спроведена на територија управувана од Абориџините на крајниот северозапад на Јужна Австралија и претставува прва таква операција во државата.

Министерството за заштита на животната средина, која го поддржува отстрелот соопшти дека сушата веќе поставува „сериозни прашања за благосостојбата на животните“, бидејќи голем број од нив загинале од жед.

Извор: N1