Австралија ги легализираше истополовите бракови

Австралија гласаше за легализација на истополовите бракови на територија на целата држава, откако се одржа долга и исцрпна дебата.

Премиерот Малколм Турнбул го прогласи овој ден за „ден за љубов, квалитет и почит“. Парламентот изгласа промена на Законот за брак, односно од „брак помеѓу маж и жена“ сега вели „брак помеѓу двајца луѓе“.

Со ова, Австралија станува 26-та земја во светот која ги признава истополовите бракови. Законот стапува на сила во сабота, а првите бракови од овој тип ќе можат да бидат официјализирани веќе во јануари следната година.

„Каков ден. Каков ден за љубов, за еднаквост, за почит. Време е за повеќе бракови, повеќе љубов, повеќе почит. Ова ни припаѓа на сите нас. Ова е Австралија“, изјави Турнбул.

Претходно, се оддржа и реферндум по ова прашање на кој Австралијците дадоа поддршка за истополовите бракови.