Американските новинари до Трамп: Ние одлучуваме како ќе ѝ служиме на јавноста

Американскиот новинарски корпус одлучи да му упати отворено писмо на новиот претседател Доналд Трамп со кое тие го појаснуваат нивниот однос со неговата администрација, во пресрет на инаугурацијата, која е закажана за 20 јануари. Во продолжение, интегрално го пренесуваме нивното писмо.

„Нема да е изненадување за Вас што сметаме дека овие односи се затегнати. Извештаите во изминатите неколку дена дека Вашиот функционер задолжен за осноси со јавноста ги затвора канцелариите на медиумите во Белата куќа, се последни во серијата потези кои беа присутни во текот на кампањата. Вие забранивте медиумски куќи да ја покриваат Вашата кампања, го користевте Твитер за да се исмејувате и да се заканувате на одредени новинари и со тоа ги охрабривте вашите поддржувачи да го прават истото. Се залагавте за полабави закони за клевета и се заканувавте со бројни ваши тужби, од кои ниту една не се оствари. Секогаш кога можевте, ги избегнувавте медиумите и застапувавте норми на групно известување и известување од редовни прес конфренции. Исмевавте новинар ако напишеше нешто што не ви се допаѓа, нарекувајќи го дека е лице со попреченост.

Сето ова, се разбира, е ваш избор и на некој начин Ваше право. И покрај тоа што, Уставот ја штити слободата на печатот, тој не диктира дека претседателот мора да го почитува тоа, редовни конференции за печат не се содржани во документот.

Но, како што Вие имате право да одлучувате за вашите правила за однесување на прес-конференциите, така и ние има некои. На крајот, Вам за влијание ви е потребно нашето време во етерот и бројот на редови во весниците. Ние, а не Вие, одлучуваме како на најдобар начин ќе им служиме на нашите читатели, слушатели и гледачи. Затоа она што следува, сметајте го како основ за она што треба да го очекувате од нас во следните четири години.

Пристапот е посакуван, но не е клучен. Вие може да одлучите да не дозволите пристап на новинарите до Вашата администрација. Сметаме дека тоа би било грешка, но тоа е Ваш избор. Ние сме многу добри во изнаоѓање алтернативни начини за да дојдеме до информации; Всушност, некои од најдобрите извештаи за време на кампањата беа од медиумите на кои им беше забранет пристап на вашите собири. Тоа што им кажувате на новинарите дека нема да имаат пристап до нешто, не е она што го посакуваме, но е предизвик што ние го сакаме.

Неофицијалните информации и другите основни правила се работи кои ние ги поставуваме, а не Вие. Ние може да се согласиме да разговараме неофицијално со некои ваши претставници, но може и да не се согласиме. Ние може да присуствуваме на некои подготвителни брифинзи или на некои неофицијални настани, или може да ги избегнуваме. Тоа е наш избор. Доколку мислите дека новинарите кои не се согласуваат со правилата и се исклучени, нема да ја дознаат приказната, видете го погоре напишаното.

Ние одлучуваме колку време во етерот ќе им дадеме на Вашите портпароли и претставници. Ние ќе се обидеме да го добиеме Вашиот став, дури и кога сакате да не замолчите. Но, тоа не значи дека ние сме обрзани да им го отстапиме нашиот простор во етерот или во весниците на луѓе кои постојано ја искривуваат вистината. Ние ќе ги посочиме кога ќе го прават тоа и го задржуваме правото, во најфлагрантните случаи, да не ги објавуваме во нашите медиуми.

Ние веруваме дека постои објективна вистина, и ќе се придржуваме до тоа. Кога Вие или вашите претставници ќе кажат или ќе напишат на Твитер нешто што е очигледно погрешно, ние тоа постојано ќе го посочуваме. Фактите се она до што ние се држиме, и немаме обврска да повторуваме лажни тврдења.

Ние ќе го следиме секој детал од работата на владата. Вие и вашите вработени се во Белата куќа, но американската влада е нешто пошироко.

Нашите репортери ќе бидат насекаде во владата, ќе бидат внатре во вашите агенции, ќе имаат извори меѓу бирократите. А резултатот ќе биде, додека вие се обидувате да го контролирате она што излегува од Западното крило, ние ќе имаме превласт во покривањето на тоа како се спроведуваат вашите политики.

Ние ќе поставиме повисоки стандарди за себе од кога било досега. Ние сметаме дека истакнувате сериозна и широкораспространета недоверба во медиумите во целиот политички спектар. Вашата кампања придонесе за тоа, и тоа беше аларм за нас. Ние мора да ја вратиме довербата. И тоа ќе го направиме тоа преку точно и храбро известување, признавајќи ги нашите грешки и почитувајќи ги најстрогите етички стандарди кои си ги поставивме за себе.

Ние ќе работиме заедно. Вие се обидовте да не поделите и да ја искористите конкурентноста меѓу новинарите за да предизвикате внатрешни битки во фелата. Тие денови стануваат минато. Ние сега сфаќаме дека предизвикот да ве следиме бара да соработуваме и да си помагаме секогаш кога тое е можно. Секогаш кога ќе замолчите или игнорирате новинар на прес-конференција, кој ќе каже нешто не ви се допаѓа, вие ќе се соочите со обединет фронт.

Ние ќе работиме заедно на стории кога тоа има смисла, и бидете сигурни дека светот ќе ги слушне важните информации што ќе ги пишуваат нашите колеги. Ние, се разбира, и натаму ќе имаме несогласувања, па дури и важни дебати, за етиката или за проценката или фер коментар. Но, тие дебати ние ќе ги отвораме и ќе ги затвораме.

Ние играме игра на долги патеки. Најдоброо сценарио е дека ќе ја извршувате оваа работи 8 години.

Ние сме тука од основањето на републиката, и нашата улога во оваа голема демократија постојано се потврдува и се зајакнува. Вие не принудивте да преиспитаме повеќето од фундаменталните прашања за тоа кои сме и зошто сме тука.

За тоа сме Ви многу благодарни.

Уживајте во Вашата инаугурација“, стои во писмото што му го упатија новинарите на Трамп.