Алтернативно културно лето од 7 јули до 31 август во Охрид

Од 7 јули до 31 август во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“, за прв пат се организира алтернативното културно лето во Охрид. Настанот е во организација на независната аматерска театарска група „Аматер“ и Супер радио.

„Ова лето за прв пат се организира алтернативно културно лето во Охрид, со идеја за подигнување на културата во летниот период, кога градот е најпосетен. Гостите од земјата и странство, но и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна програма, но и да видат какви млади и креативни луѓе има во овој град. Целата идеја дојде од помислата да се подигне културната свест кај граѓаните и да има што повеќе интеракција со туристите кои престојуваат во јули и август во Охрид, затоа и овој проект го нарековме „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“, се вели во соопштението.

Од таму најавуваат богата програма во која ќе бидат вклучени многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, а најавуваат по најмалку еден настан неделно.

Во нивната програма се најавени перформанси, свирки, работилници, размена на книги, еко-акции и изложби.