Активисти повикаа на тридневен економски протест во Иран

Иранските активисти повикаа на нов бран протести, почнувајќи од денеска, како форма на економски притисок врз властите во Исламската република, каде повеќе од два месеци има немири ширум земјата, пренесува Ал Џазира Балканс.

Граѓаните се повикани да се воздржат од пазарење во наредните три дена, за да се спречи циркулација на пари во иранскиот банкарски систем.

Активистите сметаат дека што повеќе продавници, особено во економските центри како што се базарите во големите градови би требало да останат затворени до среда.

Иран е потресен од протести ширум земјата по смртта на Махша Амини која беше уапсена од полицијата за морал поради кршење на иранскиот строг кодекс за облекување за жените. Амини почина во полициски притвор неколку дена по апсењето во средината на септември.

Повикот за нови протести доаѓа откако иранското раководство, наводно одлучило да ја суспендира полицијата за морал, според иранскиот јавен обвинител Џафар Монтазери.

Иран ја укинува моралната полиција, објави иранскиот обвинител Џафар Монтазери