Повеќе од 300 луѓе се убиени од почетокот на протестите во Иран

Повеќе од 300 луѓе се убиени во Иран откако избувнаа протестите поради смртта на Махша Амини, која беше во притвор на „полицијата на моралот“, изјави денеска генерал на Револуционерната гарда, пренесува Радио Слободна Европа.

„Сите во земјата се погодени од смртта на оваа дама. Немам најнови податоци, но мислам дека од овој инцидент во оваа земја имавме можеби повеќе од 300 убиени маченици и луѓе, вклучително и деца“, рече бригадниот генерал Амирали Хаџизадех во видеоснимка објавена од новинската агенција Мехр.

Тоа вклучува десетици полицајци и војници убиени во судирите со демонстрантите.

Последниот официјален број на загинати е многу поблиску до бројката од најмалку 416 „убиени во задушување на протестите во Иран“, објавена од организацијата „Iran Human Rights“ со седиште во Осло.

Групата соопшти дека нејзиниот биланс ги вклучува загинатите во насилството поврзано со протестите против смртта на Амини и раширените немири во југоисточната провинција Систан-Белучистан, пренесува агенцијата Франс прес.