Акција за собирање и рециклажа на стара бела техника и електронски отпад во петок

Здружението „РЕДИ“ информира за одржување зелена акција за собирање и рециклажа на стара бела техника и друг електронски отпад/

„Дали имате електронски отпад што не ви е потребен? Контактирајте нè, нашите зелени агенти ќе го преземат вашиот непотребен електронски отпад од вашата адреса. Станете дел од мрежата на зелени домаќинства и дозволете ни да го рециклираме вашиот електронски отпад најбрзо и нај ефикасно“, се вели во најавата.

Акцијата ќе се одржи во петок (29 март) во текот на целиот ден, од 9 до 17 часот. Бројот за контакт е 070/ 380 – 196, или може да се пише порака на Фејсбук страницата РЕДИ рециклажа.

Од Здружението велат дека за рециклирање може да се селектираат стари и неупотребливи компјутери, монитори, лаптопи, мобилни телефони, телевизори, електрични апарати, кујнски апарати и други електронски уреди.