8.545 студенти дипломирале лани, 3,6 проценти повеќе од 2016 година

Минатата година дипломирале вкупно 8.545 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите во земјава, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со 2016 година, бројот на дипломирани студенти е зголемен за 3,6 %.

Според податоците на ДЗС, 6.460 студенти дипломирале на државните, 2.045 на приватните високообразовни установи, додека 40 студенти дипломирале на верските факултети.

Од вкупниот број студенти, 38,6 % дипломирале во рок, додека 61,4 % дипломирале по рокот.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 82,1 % се редовни, а 17,9 % се вонредни студенти.

Процентот на дипломирани студентки изнесува 57,5 %.

Целосното соопштение, со подетални податоци по факултети, можете да ги погледнете на следниов ЛИНК.