7 полицајци повредени при спречување на нелегален рејв во Лондон

Судир помеѓу полицијата и посетители на рејв синоќа во Лондон, откако полициските службеници се обиделе да ја спречат нелегалната забава, на што посетителите возвратиле со фрлање шишиња, цигли и други предмети. За време на судирот, најмалку седум офицери биле повредени.

Полицијата била повикана на местото на настанот откако голем број луѓе се собрале на нелиценциран музички настан во Хавелок Клоус.

Снимките на очевидци, споделени на социјалните мрежи, покажуваат дека група на млади мажи како фрлаат кон полицајците со низа предмети, вклучувајќи стаклени шишиња, цигли и лименки за пиво.

Полициските службеници соопштија дека сите присутни на неовластениот настан си разотишле околу 01:15 часот по полноќ. Заменик-помошникот комесар Лоренс Тејлор рече дека собирот е нелегален и претставува ризик за јавното здравје.

„Насилството покажано кон офицерите оваа вечер беше тотално неприфатливо и нема да го толерираме во каква било форма. Полицајците наидоа на тули и други проектилни предмети што беа фрлени врз нив“, рече Тејлор.

Синоќешното насилство е последно во низата судири меѓу полицијата и учесници на „уличните забави“ во Лондон, кои оставија над 150 полицајци со повреди. Минатата недела, портпаролот на премиерот Борис Џонсон ја нарече ситуацијата како „застрашувачка“ и додаде дека таквото „насилство врз полицијата нема да се толерира“.

Англиските експерти предвидуваат лето на илегални рејвови и покрај коронавирусот