Англиските експерти предвидуваат лето на илегални рејвови и покрај коронавирусот

Според нив, ќе виреат големи забави, најчесто организирани на социјалните мрежи, а една од причините за оваа појава е долгиот период во карантин.

Англија ќе доживее лето на рејвови како што не доживеала уште од 1989 година бидејќи властите не им дале никакви информации на младите желни за интеракција за тоа кога ќе може да се вратат легално на подиумите.

Англиската полиција се обидува да го држи под контрола зголемениот број на нелегални рејвови кои се одвиваат под мостови, паркови и индустриски објекти откако минатиот месец, Борис Џонскон ги намали мерките против коронавирусот.

Рекламирани на „Снепчет“ и „Инстаграм“, локациите на рејвовите се откриени еден час претходно на „ВацАп“, а вестите брзо се шират и преку нивно стримање о живо и споделување на информации во „Гугл мапс“.

Неколку илјади луѓе посетиле два рејва во Манчестер, а билетот чинел 30 фунти, со што забавата привлекла 2000 посетители. Според Џејмс Морш, клубски промотер, на вториот рејв присуствувале 4000 луѓе.

Тој видел фотографии и видеа од журката, која не била професионално организирана.

„Најверојатно неколку млади поканиле луѓе кои потоа повикале други посетители. Забавата почнала да се шири и на „Снепчет“ и наскоро на локацијата имало 4000 рејвери“, истакнал тој.

Морш предупредува дека ова е само почеток на рејверското лето.

„Се сеќавате ли на летото во ’89? Мислам дека не очекува нова револуција на тоа поле. Сите клубови се затворени, луѓето се дома, затворени веќе три месеци. Без разлика каква реклама ќе бидат на социјалните мрежи, потготвени се да ги посетат“, нагласил тој.

Извор: Guardian