43 новозаразени и 6 починати лица од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последниве 24 часа се регистрирани 43 нови случаи на КОВИД-19 и тоа  24 во Скопјр, 5 во Куманово, по 3 во Битола и Охрид, по 2 во Прилеп, Тетово и Кичево, а по еден новозаболен е регистриран во Гевгелија и Виница.

Од МЗ исто така информираат дека пријавени се вкупно 6 починати лица – 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г), дополнувајќи дека од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Оттаму нагласуваат дека регистрирани се 48 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања.