МЗ: 16 починати и 491 новозаразен со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 16 лица. Починале 8 лица од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г).

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа е потврден 491 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 232 случаи во Скопје,  Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Неготино, Делчево и Македонски Брод.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2 и по 1 од Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.747 тестови.