18 починати и 183 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 18 лица. Од пријавените 16 починале во болнички, а две лица починале во домашни услови.

Починале 9 лица од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), 4 лица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две лица од Тетово (81г и 48г) и Битола (81г, 79г) и едно починато лице од Гостивар (78г).

Во последните 24 часа се потврдени 183 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 132 случаи во Скопје, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2 и по 1 во Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 531 оздравени пациенти, односно од Скопје – 189, Тетово – 68, Струмица – 32, Гостивар – 26, Дебар – 24, Кавадарци – 23, Куманово – 22, Кичево – 17, Битола и Штип – по 12, Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11, Делчево – 9, Крива Паланка и Ресен – по 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Македонски Брод – 5, Радовиш – 4, Неготино и Валандово – по 3, Кратово и Крушево – по 2 и по 1 од Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.035 тестови.