МЗ: 18 починати и 525 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица. Починале 3 починати од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г).

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа се потврдени 525 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 268 случаи во Скопје, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2 и по 1 во Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија.

Регистрирани сe 449 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани – по 9, Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5, Богданци – 4, Кратово и Виница – по 2 и по 1 во Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.858 тестови.