Втор пожар во валандовско неделава, гори на неколку километри од Казандол

Ноќ пред референдумот поради изградбата на рудници во Валандаво, избувна нов пожар над селото Чештово, на неколку километри од рудникот во изградба Казандол. Како што информираат жители на Валандово, густ облак од чад нешто по 20 часот се спушти кон градот. Во моментов забележуваат дека пожарот е потсмирен.

Ова е втор пожар во валандовско за една недела. Минатата сабота голем пожар избувна кај месноста Култа. Гореше нискостеблеста шума.

Утре во Валандово се одржува референдумот поради изградбата на рудници во валандовско, а жителите на овој реон ќе гласаат за тоа дали сакаат изградба на рудници или еколошка средина.  Референдумското прашање гласи „Дали сте за или против отворање рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Валандово“ и „Дали сте за или против продолжување со работа на рударскиот комплекс Казандол“. Се гласа со заокружување на „ЗА“ или „ПРОТИВ“.