Вонредна состојба во Шарлотсвил поради досега најмасовниот националистички марш

Властите на Шарлотсвил, Вирџинија прогласија вонредна состојба, пред почетокот на марш на огромна маса на бели националисти.

Потегот им овозможува на локалните власти да побараат дополнителни ресурси за одржување на мирот и јавниот ред, изјавија од полицијата.

Состојбата е многу тензична, бидејќи се очекува стотици луѓе да се приклучат на “Unite the Right” (Соедини ја десницата) маршот, против плановите да се отстрани спомени на генерал на Конфедерацијата.

Контра-протестанти исто така се собрале во градот.

Радикалните десничакри се лути поради плановите да се отстрани споменикот на генералот Роберт Е Ли од Шарлотсвил, кој ги водел силите на Конфедерацијата кои сакале да го задржат ропството, во Граѓанската војна во САД.

Во петокот, групата мавтала со факли и пеела „Белите животи значат“, додека марширале низ Универзитетот на Вирџинија и во градскиот центар. Градоначалникот го осуди маршот како „парада на омраза“.