Во Скопје денес е почувствуван нов земјотрес

Земјотрес со јачина 2.6 степени според Рихтеровата скала денес е почувствуван во Скопје околу 11.39 часот.

Според Европската сеизмолошка лабораторија, земјотресот бил со епицентар на 5 километри источно од Скопје, 7 километри југозападно од Арачиново и 6 километри североисточно од Усје, на длабочина од 1 километар.

Со ист епицентар, пред една недела беше почувствуван земјотрес со јачина од 3,1 степени и 1 километар длабочина.