Визер ја укинува доплатата за рачен багаж

Нискобуџетска авиокомпанија Визер соопшти дека ја укинува доплата за рачниот багаж во авионот, односно освен торбата со мали димензии (42x32x25), бесплатно ќе може да се внесе и поголема торба ((55x40x23) во патничката кабина. Оваа новина почнува да важи за сите летови по 29 октомври.

„За летовите пред 29 октомври 2017 година цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска торба (максимум 42x32x25 cm). Големите кабински торби и секој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси. За летовите oд 29 октомври 2017 година цените на нашите еднонасочни летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на вашиот рачен багаж (55x40x23 cm, максимално 10 kg). Cекој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси“, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на „Визер“, стои во соопштението од компанијата.

Инаку за големата рачна торба се плаќаше од 14 до 35 евра, зависно од дестинацијата и начинот на правење на резервацијата.