[Видео] Од самоук аниматор, до најголема Јутјуб сензација на Балканот

Данило Дабиќ, или познат меѓу младината на Балканот како Звогањ, преку ноќ стана интернет сензација со неговите анимирани сатирично-хумористични видеа на Јутјуб. Иако формално тој нема завршено факултет за анимација, тој успеа да се пробие благодарејќи на интернет туроријали и својата упорност. Преку неговиот лик Цопе прикажува секојдневни ситуации и реални дијалози во кои секој може да се препознае. Вели дека идејата му е да поттикне безгрижна смеа кај публиката. Дабиќ се надева дека ќе биде инспирација за многу други млади аниматори, кои имаат вештина, но им недостасува оригинална идеја.

Погледнете го видеото што го подготвивме за време на неговиот престој во Скопје, каде беше дел од жирито на годинешното издание на фестивалот „Анимакс“.