[Видео] Нова песна на Ред Хот Чили Пеперс

Калифорнискиот бенд Ред Хот Чили Пеперс ја објави првата песна од претстојниот нов албум, наречен „The Getaway“, кој ќе излезе на 17-ти идниот месец. Во песната, насловена „Dark Necessities“, чиј спот достигна накај милион и пол прегледи во првиоте 24 часа од објавувањето, се чувствува типичното силно фанк-влијание во карактеристичниот звук на легендарниот бенд.

Албумот, на кој има 13 песни, веќе е достапен за преслушување на Spotify и Apple Music. Покрај во дигитален формат, тој ќе излезе и во ограничен број од 5000 двојни винил-плочи, како и на ЦД. Фановите кои ќе го нарачаат порано, ќе добијат и касета со синглот „Dark Necessities“.