[Видео] Масовни протести во Мексико по исчезнувањето на 43 студенти

Илјадници луѓе се собраа во најголемите мексикански градови во знак на протест поради минатонеделното исчезнување на 43 студенти, за кое ја обвинуваат полицијата поврзана со мафијата. Активисти помогнати од локалните жители го блокираа автопатот во близина на главниот град на мексиканската сојузна држава Гереро, Чилпансинго.

[Видео] Масовни протести во Мексико по исчезнувањето на 43 студенти

Демонстрантите, кои бараат властите да ги пронајдат исчезнатите студенти, носеа транспаренти со натписи: „Кој владее со Гереро“, алудирајќи на обвинувањата дека локалната полиција соработува со организираните криминални групи и дека е вмешана во исчезнувањето.

Студентите исчезнаа минатата недела во мексиканскиот град Игуала, откако за време на демонстрации се судриле со полицијата. Според сведочењата, тие последно биле видени како ги внесуваат во полициски возила.

Набрзо потоа беше пронајдена е масовна гробница со 28 тела, но истражните органи се уште не соопштија дали тие им припаѓаат на исчезнатите ученици.

Извор: Утрински/BBC