[Видео] Летот на орелот Даршан од највисоката зграда на светот

Орел со мала камера на грбот летна од највисоката зграда во светот, облакодерот Бурџ Калифа во Дубаи. Видеото од царскиот орел Даршан беше емитувано во живо на BBC, додека тој ја минуваше патеката од  829,8 метри, до својот тренер кој го чекаше на теренот под облакодерот.

Организаторите на настанот здружението „Freedom Conservation“ тврдат дека ова е досега највисок регистриран лет на птица лет од објект направен од човекот.  Настанот беше одржан со цел да се сврти вниманиет на јавноста кон страдањата на заброзените птици – грабливки.

Од организацијата се надеваат дека летот ќе биде симбол дека луѓето и природата можат да живеат заедно.

„Овој орел е покажува дека работите може да се менуваат“, изјави директорот на „Freedom Conservation“, Роналд Менцел кој истакна дека програмата за конзервација дава резултати во борбата за спас на загрозените видови птици.

Погледнете го летот на орелот во видеото подолу: