Вермонт стана деветата американска држава што легализира рекреативна употреба на канабис

Државата на Зелените планини стана уште позелена. Вермонт ја легализираше рекреативната употреба на канабисот и е првата американска држава што го стори преку донесување закон во легислативата, а не преку референдум.

Во Вермонт, опцијата за јавен референдум не постоеше бидејќи е една од 23-те држави кои не дозволуваат иницијативи за гласање, па прашањето остана исклучиво во рацете на владата.

Гувернерот Фил Скот вчера го потпиша законот, а Вермонт исто така стана првата држава што ја легализираше рекреативнo марихуаната без да дозволи комерцијална продажба. Минатата година пратениците воведоа уште една верзија на законот, кој ја вклучи опцијата за продажба на мало, но мораше да се измени откако не успеа да добие поддршка од канцеларијата на гувернерот.

Според законот, на возрасните над 21 година им е дозволено да поседуваат канабис до една унца (28.35 грама) и да растат до две возрасни растенија за лична домашна употреба.

Анкетата спроведена од VPR покажала дека 55 отсто од граѓаните на Вермонт ја поддржуваат легализацијата.

Законот официјално ќе стапи на сила на 1 јули 2018 година, со што Вермонт ќе стане деветта американска држава за легализација на марихуаната за рекреативна употреба.

Три други држави во моментов разгледуваат слично законодавство, вклучително и Њу Хемпшир, Њу Џерси и Њујорк. Њу Хемпшир, исто така, не планира да дозволи рекреативни продажби. Сите овие држави, лоцирани во истиот регион, претставуваат тренд на легализација во североисточниот дел на САД.