Трибина: „Младите бараат пристап до контрацепција“

Младите волонтери на ХЕРА секоја година го одбележуваат 26 септември – Меѓународниот ден на контрацепција. Годинава, тие организираат трибина на тема „Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје“.

Трибината ја замисливме како панел-дискусија на која младите ќе можат директно да ги прашаат претставниците од надлежните институции и донесувачите на одлуки за сè во врска со пристапот до модерна контрацепција во Македонија.

Учесници:
• Љупка Трајановска, претставник на ХЕРА Млади
• Бојан Јовановски, извршен директор на ХЕРА
• Д-р Глигор Тофовски, специјалист гинеколог-акушер
• Д-р Гоце Чакаровски, заменик-министер, Министерство за здравство на Република Македонија
• Д-р Ана Петрова, советничка на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија
• Миле Сугарев, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија
• Дона Костуранова, извршна директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ)
• Јана Јакимовска, професорка на Академијата за ликовни уметности, активистка, уметница
• Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието на Република Македонија.

Трибината е отворена за јавноста, а ќе започне во 11 часот во „Холидеј ин“.