Трагедијата што ја отпеа Долорес О’Риордан во песната „Зомби“ поради која ирскиот бенд стекна светска слава

Иако „The Cranberries“ веќе беа во пораст благодарение на баладите како „Dreams” и „Linger”, дури со песната „Zombie” бендот успеа да постигне светски успех.

По објавувањето на нивниот деби албум „Сите го прават тоа, зошто да не можеме и ние?“ (Everybody Else Is Doing It So Why Can’t We?), фановите на ирската четворка точно знаеја кон што се движат „The Cranberries“.

Нивната музика беше позната по тоа што беше етеричен, нежен алт-рок, во море од гранџ музика.

Така е се додека бендот не го објави експлозивниот хит „Zombie” во 1994 година: бендот го промени својот имиџ за да открие мрачна анти-воена песна во која се нагласува водечката пејачка Долорес О’Риордан.

Жестокоста на песната имаше смисла: О’Риордан пееше за насилството што се случуваше во Северна Ирска, за кое постојано се известуваше.

На 20 март 1993, бомба била оставена во канта за ѓубре во центарот на градот Ворингтон од страна на ирските републиканци. Таа експлодирала, при што загинале 12-годишниот Тим ​​Пери, тригодишниот Џонатан Бол, и повредила уште десетици луѓе. Нападот ги шокирал Велика Британија, Ирска, но и О’Риордан.

„Се сеќавам дека во тоа време имаше многу бомби во Лондон, а проблемите беа прилично лоши”, изјави во претходно интервју.

„Се сеќавам дека бевме на турнеја и дека бевме во Велика Британија кога почина детето и дека бев навистина тажна за сето тоа. Овие бомби експлодираа на случајни места. Тоа можеше да биде кој било, знаеш?”

Таа потоа додаде: „Тешко е да пееш за тоа, но кога си млад не размислуваш двапати за работите, туку само ги зграпчуваш и го правиш тоа. Како што старееш, развиваш повеќе страв и стануваш загрижен, но кога си млад, немаш страв”.

О’Риордан ја напишала „Зомби” сама во нејзиниот стан меѓу турнеи.

Песната првично била напишана за акустична гитара, но потоа била преработена за електрична гитара, со што стана рок песна.

За време на интервју, О’Риордан изјавила: „Тоа беше најагресивната песна што сме ја напишале”.

„Зомби” беше снимена во Даблин со продуцентот Стивен Стрит.

Видеото за неа е подеднакво интересно, на кое О’Риордан е обоена во злато.

Режиран од Самуел Бајер, кој ги направи видеата за „Smells Like Teen Spirit” на „Нирвана“ и „No Rain” на „Блајнд Мелон“, видеото за „Зомби” беше прошарано со снимки од војници и деца на улиците на Северна Ирска.

По објавувањето во 1994 година, „Зомби” го достигна првото место на топ листите во многу земји и на американската рок-лист.

Бендот дури и го победи Мајкл Џексон за „Најдобра песна” на Ем-ти-ви европските музички награди во 1995 година.

Во 2017 година, „The Cranberries“ го објавија албумот „Нешто друго“ (Something Else) – серија акустични и оркестарски верзии на песни од нивната колекција со три нови песни.

Тие повторно направија акустична верзија на „Зомби” со ирскиот камерен оркестар на нивниот последен запис.

Вчера светот остана изненаден од веста дека Долорес О’Риордан почина. Таа имаше 46 години.

Нејзиното семејство и пријатели побараа приватност.