Средношколците од Флорида му покажаа на светот што значи добро образование

Ученичките активисти од средното училиште  „Марџори Стоунман Даглас“ ја демонстрираат моќта на сеопфатната едукација, пишува Slate.

Учениците од средното училиште  „Марџори Стоунман Даглас“ се вратија на часови во среда наутро, две седмици откако трагичното масовно пукање го заврши животот на 17 нивни соученици и професори.
Сенаторот Марко Рубио го одбележа нивното враќање во училиштето со обвинување дека се „заразени“ со „ароганција“ и „фалење“, додека пак законодавниот дом на Флорида го одбележа нивното враќање со носење на програма од 67 милиони долари за оружје за персоналот на училиштето, вклучувајќи ги и професорите. Републиканците од Сенатот на Капитол Хил одлучија да им кажат „добредојде“, игнорирајќи ги нивните желби за контрола на оружје што може да доведе до верување дека ништо не се сменило во Америка по уште еден ужасен круг на убиство на деца и законодавна апатија.

Но, тоа не е точно. Потрошувачите и бизнисите стапнуваат онаму каде што е впуштена владата. Бојкотите можеби не влијаат на пратениците, но тие сигурно ќе ја сменат играта во светот на бизнисот. И учениците од Паркленд, Флорида, незафатени од игрите играни од страна на законодавците и лобистите, се’ уште планираат масовен марш во Вашингтон. Овие тинејџери ги користеа социјални мрежи за да ги променат дискусиите за оружјето и контролата на оружје во Америка.
Сега е време, тие да ја променат дебатата за едукацијата во Америка, и тоа не само за оружјето во училниците.

Ефективноста на овие подготвени, артикулирани, добро информирани и претежно зрели ученички лидери од средното училиште  „Марџори Стоунман Даглас“ нејасно се препишува нивните специфични личности и таленти. Нивните зборови и акции беа неверојатно моќни, при што завршија со поттикнување на смешни тврдења за употреба на актери и големи проверки од Џорџ Сорос. Но, има една основна лекција што треба да се научи од настаните по оваа трагедија: Овие деца не се луди сами по себе. Нивната елоквентност е резултат на воннаставната едукација што тие ја добиваат во своето средно училиште.

И покрај постепената ерозија на уметноста и физичката едукација во јавните училишта во Америка, учениците од  „Стоунман Даглас“ се корисници на еден вид на јавна едукација во стилот на педесетите години. Тоа во Америка одамна исчезна и е демонтирано со одличното размислување дека финансирањето на уметноста, граѓанството и збогатувањето ја достигнуваат нулата. Училиштето е побогато од другите училишта во државата (помалку од 23% од неговите ученици добиле бесплатни или намалени цени за храна во 2015 и 2016 година, споредено со околу 64% од државното училиште „Бробард Каунти“).  Овие ученици не се неверјатно надарени, туку тие едноставно, имајќи воннаставни активности, го поседуваат подарокот на видот на образование што веќе не го цениме.

Една од причините што учениците на средното училиште од средното училиште  „Марџори Стоунман Даглас“  станаа ѕвезди во последниве седмици е фактот што тие ученици учествувале во дебати ширум целиот свет што ги научиле на „спокојно“ зборување уште од рана возраст. Секое основно и средно училиште во својата област има форензика и програма за јавно говорење. По некоја случајност, дел  од учениците од ова училиште, годинава се подготвувале и за дебати на тема „контрола на оружје“, што објаснува зошто тие знаат да зборуваат на таа тема уште од првиот ден.

Исто така, ученичките лидери од движењето #НикогашПовторно, во најголем дел имале корист од извондредната драмска програма. Слуачајно, некои од учениците подготвувале настап на рок мјузиклот од 2006 година, „Пролетно будење“. Како што објаснува „Њу Јоркер“ во еден есеј за подемот на децата од драмската секција, таа се занимава со прашањето „што се случува кога невнимателните возрасни луѓе не успеваат да го направат светот безбеден и разбирлив за тинејџерите“. Чудно.

Учениците од „Марџори Стоунман Даглас“  исто така, неслучајно вклучија млади новинари кои работеле за училиштниот весник „Орлово Око“, со надзор од талентиран персонал. Една од извонредните компоненти на приказната беше откритието дека Дејвид Хог, училиштен директор за телевизиска програма за новинарство, WMSD-TV, интервјуирал свои соученици додека се криеле во плакарот за време на пукањето. Тој пишувал за настаните додека тие се одвивале. Како што објаснува Кристи Ма: „Ние се обидовме да направиме што е можно повеќе фотографии за да го прикажеме суровото чувство во училницата. Работевме напорно за да му покажеме на светот што се случуваше и зошто е потребна промена“

Мери Бет Тинкер го посети училиштето во 2013 за да зборува за нејзината улога во „Tinker v. Des Moines“ – судскиот случај на Врховниот суд за говорот на студентите и протестот. Таа објаснува дека посветеноста на училиштето на говорот на студентите и на новинарството биле долго време докажани, дури и пред овие ученици да бидат активирани од ужасните настани месецов. Секое училиште треба да е посветено да донесе училишни активисти за да зборуваат за протест и слобода. Тоа училиште е подобро отколку училиштата што не едуцираат активисти и креативни ученици.

За да бидеме сигурни, приказната за учениците од „Марџори Стоунман Даглас“  е приказна за придобивките од тоа да се биде во релативно богат училишен круг во момент кога образованието нема милост. Нема начин да се конструира теорија на заговор околу фактот дека учениците кои внимателно биле обучени за драмата, медиумите, слободниот говор, политичкиот активизам и форензиката станале епицентар на кризата на насилство во училиштата и постапувале  кредибилно. Поверојатно објаснување е дека воннаставното образование – она што се фокусира на вештини надвор од стандардизираното тестирање и рангирање – создава активни граѓани.

Можеби, наместо вложување повеќе пари за поставување оружје во училниците, треба да се размисли за вложување повеќе пари во програми кои поттикнуваат политички ангажман и вештини.  За сенаторот Рубио, средното училиште  „Марџори Стоунман Даглас“  ја негува ароганцијата. За остатокот од светот, тоа училиште гради возрасни луѓе.

Превод од Slate, Ана Илиева