Собранието на 23 февруари со отворени врати за граѓаните

Македонското Собрание информира дека следниот петок, на 23 февруари, ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните.

Тоа ќе претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.

Од Собранието потсетуваат дека македонскиот законодавен дом е отворен за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3182-227 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетaта.