Собрани пари за поетот Гогов да си ја подигне наградата во Италија

Откако поетот и активист Митко Гогов вчера објави дека нема парични средства да отпатува во Каникати, Италија, за да ја подигне својата награда од конкурсот „Il Parnaso“, истиот ден граѓани собраа пари и набавија авионска карта.

Актерката и активистка Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил изминатата вечер објави дека се собрани 16 илјади денари уште првиот ден од акцијата, а Гогов веќе има авионска карта за Сицилија.

На поетот му беа потребни 500 евра за да може да отпатува во Каникати, град во регионот на Сицилија и да ја подигне наградата на интернационалниот конкурс на 28 јануари. Дали е прво, второ или трето место на конкурсот, за Радио МОФ рече дена не знае, бидејќи наградите ќе бидат соопштени на лице место. Нагласува и дека доколку се соберат вишок пари, ќе ги донира понатаму на некој на кого му се потребни.

Гогов е добитник на една од трите престижни награди за поезија на „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“, откако во декември беше прогласен за еден од десетте финалисти, покрај 300 други пријавени учесници од целиот свет.

Оние кои се уште сакаат да донираат, податоците се следните:

Митко Гогов

ул. Крушевска Република 152

2400 Струмица

мат. бр. 1111983450164

MITKO GOGOV

4324 8452 5941 2939

acc.No. 210501597108832

IBAN Code – MK07210501597108832

SWIFT – TUTNMK22

NLB Тутунска банка