Смртоносни експлозии на аеродромот и метрото во Брисел – градот е блокиран

Низа експлозии го погодија бриселскиот аеродром и градската метро станица, со десетици починати луѓе. Властите одлучија да го кренат нивото на тревога на највисоко ниво, а во тек е седница на Советот за безбедност. Експлозиите доаѓаат неколку дена по драматичното апсење на Салах Абдеслам, осомничен за терористичките напади во Париз, во кои загинаа 130 лица во ноември, и по четири месеци во бегство. Белгиското обвинителство потврди дека ескплозиите кои се случија во близина на ЕУ институциите се терористички самоубиствени напади. Премиерот Шарл Мишел ги предупреди граѓаните да го избегнуваат секое движење и да останат во своите домови.