Слика на Пикасо може да стане најскапото уметничко дело продадено на аукција

Ремек-делото на познатиот сликар Пабло Пикасо „Жените од Алжир (верзија О) ќе пристигне во Њујорк и ќе се појави на аукција за околу 140 милиони долари. Акционерската куќа „Кристи“ соопшти дека ќе ја понудат сликата на анонимен продавач што би можело да стане најголемата досегашна цена за уметничко дело на аукција.

Сегашниот рекорд беше поставен во септември 2013 кога триптихот на Френсис Бекон „Три студии на Луциан Фројд“ беше продаден за 142,4 милиони долари. Почетната цена за ова дело била 85 милиони долари пред инвеститорката на казина Илејн Вин не ја дала победничката понуда.

„Жените од Алжир“ на Пикасо претставува колоритна и динамична слика во која се претставени неколку скудно облечени жени. Таа е дел од 15-те работни серии создадени од влијателниот шпански уметник во периодот помеѓу 1954 година и 1955 година.

Делото ќе биде понудено на аукција со група од дваесетина други поголеми дела од 20 век како дел од самостојна продажба наречена „Гледајќи напред кон минатото“. Од акционерската куќа велат дека колекционерот се стекнал со делото на Пикасо во њујоршката аукциска куќа во 1997 година за 31,9 милиони долари.

Извор: nypost.com