„Школка во звук“ и „Алтернатива Конекшн“ наредниот викенд во Градски парк во Скопје

На 15 и 16 септември, на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржува фестивалот „Школка во звук“ и Алтернатива Конекшн.

„Школка во звук“ е младински музички настан кој ја промовира новата културна сцена преку свирки, предавања и дружба. Оваа година, трета по ред, настанот прераснува во фестивал заедно со Alternativa Connection.

Во петок ќе настапуваат бендовите High Voltage, Man In a Suit, Freak Unique, Conspiracy, а ќе се одржат и мастеркласови на кои ќе се обработуваат теми поврзани со македонската културна сцена од страна Ади Имери, Јана Гигова и Симе Златков и Наско Џорлев.

На Алтернатива Конекшн, настан во организација на Perspektiva Records, кој има за цел да се истакне, претстави и да даде придонес за алтернативната култура, во сабота ќе настапуваат Алфа, Диџеј Дрази Драгс, Енигма, Диџеј Марчело, Децибел, Demonic Insomniac, Конфликт, Inklingz и Ortografija Crew.