Семос распиша конкурс за целосни и делумни стипендии на тема #НаТочак

Центарот за компјутерска обука Семос едукација распиша конкурс за две целосни и две делумни стипендии на тема #НаТочак.

За стипендија може да се аплицира во две категории и тоа:

  • Графички дизајн (ќе бидат доделени 2 стипендии: 1 целосна + 1 делумна)
  • Веб дизјан (ќе бидат доделени 2 стипендии: 1 целосна + 1 делумна)

Вредноста на целосната стипендија изнесува 2.450 евра, додека вредноста на делумната стипендија изнесува 1.000 € (Академијата го задржува правото да не ги додели овие стипендии.) Стипендијата важи за учебната 2017/18 година.

Конкурсот е отворен за сите кандидати на возраст од 18+ години. Тој трае 10 недели, а крајниот рок за аплицирање е 28.04.2017 година (23:59 h).

Кандидатот треба да аплицира на официјалната e-mail адреса: akademija@semos.com.mk.

Што треба да содржи апликацијата за стипендија?

  • Податоци за кандидатот (име и презиме, телефонски контакт и за која категорија аплицира);
  • Есеј за темата (максимум 400 збора);
  • За категоријата Графички дизајн: Идеја/Концепт/Решение на темата во форма на цртеж, дизајн на постер, фотографија, илустрација, анимација, видео…
  • За категоријата Веб дизајн: Идеја/Концепт/Скица за веб страна или веб/мобилна апликација…

На конкурсот се бара ОРИГИНАЛНО КРЕАТИВНО РЕШЕНИЕ на тема „#НаТочак“ дополнето со есеј за идејата. Решенија кои се копирани и не се оригинални дела нема да влезат во изборот.

Академијата за дизајн има формирано стручно жири од професори кои ќе донесат одлука за најоригинално, најкреативно и целосно решение за доделување на предвидените стипендии.

Кандидатите, чии апликации ќе влезат во избор на стипендија, ќе бидат повикани на тестирање во Академијата за дизајн.

По изборот, стипендиите ќе бидат доделени на настанот „Изложба 2017“ во јуни 2017 година.