The Selector

The Selector e музичка емисија која ќе се емитува секој петок од 14ч. Оваа двочасовната емисија е посветена на британската музика и ги опфаќа сите стилови, од инди, dubstep, фолк, соул, електро и сето она помеѓу. The Selector покрива настани, интервјуа, миксови и ексклузивни сесии во живо на некои од највозбудливите британски уметници. Домаќин на емисијата е диџејот и презентер Goldierocks. The Selector претставува преглед на се што е возбудливо и свежо во британската музика. Емисијата ја рефлектира брилијантноста и разновидноста на британската музика, промовирањето на звуци, таленти и современата британска музичка култура интересна за меѓународна публика.

Официјалната страница на The Selector: music.britishcouncil.org/the-selector

//